СКАЛА
100%50%30%20%

Стипендии за креативци

без портфолио.

Нашата мисија е да работиме со најамбициозните. Затоа отворивме повик за стипендии за студирање на сите академии во Скала.

Видео за стипендиите во Скала
Стипендии100%50%30%20%Без портфолиоСамо идеиДојди на разговор

Една стипендија, многу патишта.

Повикот важи за сите академии во Скала. Избери го полето што те привлекува — остатокот го градиме заедно.

Талентот не се мери според тоа што веќе си направил, туку според тоа што можеш да создадеш.

Портфолиото ќе го изградиме на академијата.

Секое портфолио некогаш било празно.

Секој графички, моден или ентериер дизајнер, секој фотограф, видеограф и контент креатор започнал без проекти, без клиенти и без искуство.

Разликата помеѓу оние што успеале и оние што се откажале никогаш не била во алатките. Секогаш била во идеите.

Ако го имаш тоа, веќе го имаш најважното.

Студенти на академијата за видео продукција и нови медиуми во Скала

Ова е за тебе, ако…

Завршуваш средно училиште или штотуку матурираше.

Студираш, но веќе чувствуваш дека си на погрешно место.

Размислуваш за промена на кариера и знаеш дека можеш повеќе.

Сонуваш да изградиш свој бренд или стартап.

Сакаш да работиш како фриленсер.

AI не е конкуренција.
Незнаењето е.

Живееме во време кога алатките се бесплатни. Вештачката интелигенција може да генерира илјадници решенија. Но не може да одлучи кое е вистинското.

Затоа што AI не ја познава разликата помеѓу убаво и функционално. Затоа што не знае како една идеја да ја претвори во реален проект.

Иднината не им припаѓа на оние што имаат пристап до алатките, туку на оние што знаат што да направат со нив.

Во Скала не учиме само софтвер. Учиме принципи. Кога ги разбираш основите, можеш да работиш со секоја алатка што постои денес и со секоја што допрва ќе се појави утре.

AI е само уште една алатка. Твојата идеја е предноста.

Како функционира процесот

1

Аплицираш тука

Ја пополнуваш формата на оваа страна. Без есеи, без портфолио, само ти и твојата идеја.

2

Отворен разговор

Те повикуваме на разговор за да се запознаеме и да ја согледаме твојата љубов кон креативноста.

3

Одлука

Врз основа на разговорот, донесуваме одлука за стипендијата.

Портфолијата се исто така добредојдени доколку ги имаш, но воопшто не се потребни.

Тие веќе го направија првиот чекор.

Од интервјуто за стипендија — до денес. Искрени зборови за разговорот, и каде ги однесе патот по Академијата.

Лазар Зафирновски

Лазар Зафирновски

Генерација 2017/18 · Video Content Creation

На интервјуто имав чувство дека разговарам со луѓе кои искрено сакаат да те запознаат и насочат. Си заминав мотивиран и со уште поголема желба да започнам со Академијата.

По Академијата

  • Video Content Creator · Elena Luka
  • Social Media Manager · Publicis Marketing Agency
  • Social Media Manager · Makedonski Telekom
Мирјана Јосифовска

Мирјана Јосифовска

Генерација 2018/19 · Моден дизајн

Скала беше местото каде што првпат почувствував дека моите идеи можат да станат нешто реално. Токму таму почна патот што подоцна ме доведе до сопствен бренд.

По Академијата

  • Основач на моден бренд · MIJA
  • Менторка на Академијата за моден дизајн · Скала
Мартина Пенева

Мартина Пенева

Генерација 2020/21 · Ентериер дизајн

Практичните проекти на Академијата ми помогнаа да стекнам поголема самодоверба и појасна насока за мојот професионален развој.

По Академијата

  • Product Designer · Monozero
  • Interior Designer · Parallel Group
  • Architect · EDNA
Андреј Павлов

Андреј Павлов

Генерација 2021/22 · Графички дизајн

Во Скала стануваш дел од заедница на креативци, ментори и професионалци кои искрено сакаат да ти помогнат да напредуваш.

По Академијата

  • Creative Designer · Skala Magazine
  • Graphic Design Artist · Division Marketing Agency
  • Graphic Design & Motion Designer · Piksel
Антонио Станков

Антонио Станков

Генерација 2022/23 · Фотографија

Ако на нешто сум особено горд и благодарен, тоа е изборот да студирам во Скала. Скала за мене и денес сè уште е голема поддршка во остварувањето на моите нови цели и идеи.

По Академијата

  • Freelance Photographer
  • Основач · Studio 1
  • Ко-основач · Collarette (Скопје · Охрид · Белград)
Стефани Неделкова Кузманоска

Стефани Неделкова Кузманоска

Генерација 2023/24 · Дигитален маркетинг

Иако веќе работев во маркетинг, секој час ми носеше нови идеи, искуства и перспективи. А најубавото од сè е што покрај знаењето, стекнав и пријателства кои ќе траат цел живот.

По Академијата

  • Marketing & Communications Lead · Mikrosam

Еден разговор. Тоа е сè.

100%
стипендија
50%
стипендија
30%
стипендија
20%
стипендија

Дојди на разговор.

Раскажи ни ја твојата приказна.

Местата се ограничени.

Често поставувани прашања

Не. Токму затоа постои овој повик. Доволно е да имаш идеи и желба за развој. Портфолиото ќе го градиме заедно во текот на академијата.

Доделуваме вкупно 42 стипендии: 6 целосни (100%), 12 половични (50%) и 24 делумни (20–30%). Бројот на места е ограничен, затоа ти препорачуваме да аплицираш навреме.

Секој што сака да изгради кариера во креативната индустрија. Без разлика дали си матурант, студент, размислуваш за преквалификација или едноставно сакаш нов почеток.

Повикот важи за сите 6 академии во Скала: графички дизајн, video content creation, дигитален маркетинг, ентериер дизајн, моден дизајн и фотографија.

Откако ќе ја испратиш апликацијата, ќе те контактираме за краток разговор во термин што ти одговара. Нема тестови, нема есеи, само ти и твојата приказна.

Не. Аплицирањето е целосно бесплатно и трае само неколку минути.

116пристигнати апликации

Аплицирај за стипендија

Пополни ја формата и се гледаме на интервју!

СКАЛА

© 2026 СКАЛА — Школа за дизајн и технологија. Сите права задржани.